Неверојатната приказна за куче од Бразил стана вирална во еден момент, а милиони ширум светот со неверување ја гледаат, бидејќи сè е снимено од надзорната камера на ветеринарната клиника.
Дури и вработените не можеле да поверуваат кога слабо куче скитник влегло директно од улицата во амбулантата во тешка здравствена состојба.
Д-р Дејзи Фереира сè уште не може да поверува…
– Завршував преглед на куче кога видов како поголемо куче влегува на вратата – вели таа без да ја сокрие возбудата и изненадувањето и продолжува: Влезе и ја крена повредената шепа како да не поздравува, но всушност така ни покажа каде го боли.
Ветеринарите биле зачудени – како тој знаел каде да дојде и кога да побара помош.
Кога го прегледале, откриле дека има полесна повреда на шепата, но откриле многу посериозен проблем – тумор кој бил целосно покриен со болви.
Тие се грижеле за него и започнале да го лекуваат, а приказната за ова неверојатно суштество ја обиколи планетата во еден момент и понуди да биде посвоено животното започнале да пристигнуваат од сите страни.
– Најубаво е што дојде сам. Неговата интелигенција е прекрасна. Сигурен сум дека добрите луѓе ќе го посвојат – вели докторот.