Колумбискиот инфлуенсер Маурисио Гомез без сомнение ја направил најбизарната тетоважа што се забележува на социјалните мрежи од почетокот на годината.
Гомез истетовирал код на Инстаграм на задниот дел од главата за да може секогаш да ја отвора својата страница со него.
Не само што воодушеви многумина со овој потег, туку тату мајсторот дополнително ги воодушеви сите признавајќи дека идејата навистина функционира во пракса.
Сепак, со тој код на главата, Маурисио можел да ја отвори страницата само 7 дена, а потоа поради некоја причина „се покварила“ необичната тетоважа.
“Жал ми е. Ќе треба да проверам зошто не можам повеќе да го отворам профилот со глава. Можеби треба да ја сменам батеријата внатре “, се пошегува Гомез.