Била толку пијана што влегла во туѓ стан и заспала во туѓ кревет

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на еден стан на северот на Трир во Германија минатиот четврток имал непоканет гостин, поради што повикал и полиција.

Loading...

Имено, откако заѕвонил некој, тој ја отворил вратата и видел за него непозната жена која без збор влегла во станот и легнала во неговиот кревет во спалната соба, пишува магазинот Феникс.

Жената била толку пијана што не знаела каде се наоѓа.

 

 

Откако пријателските обиди да ја извлечат жената од неговиот кревет биле неуспешни, мажот повикал полиција во Трир за да се ослободи од непоканетите гости.

Необичниот настан го пријавила полицијата во Трир.

Loading...

Leave a Reply