УХМР најавува студен бран од север, со врнежи и засилен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец и од попладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Под влијание на влажен и постуден бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има појава на повремен дожд, на планините снег.

Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни, а појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Во деновите потоа температурата само благо ќе се покачи.

Никола Ивановски

Leave a Reply