Кумановската полиција го барала со телеграма, на Табановце приведен со оружје

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен струмичанец бил баран со телеграма распишана од кумановската полиција, а вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 11.03.2021 во 15.00 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен Д.Д.(33) од Струмица бидејќи при проверка било констатирано дека е предмет на потрага по издадена телеграма од СВР Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При преглед во товарното возило „фиат дукато’’ со швајцарска  национална ознака, кое го управувал Д.Д., била пронајдена цевка од огнено оружје.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply