Во светот се раѓаат рекорден број близнаци, но зошто се случува оваа појава сега?

Сподели со своите пријатели

Повеќе близнаци се раѓаат во светот од кога било досега, потврдија истражувачите.

Loading...

Секоја година, 1,6 милиони близнаци се раѓаат во светот, а едно од 42 деца се раѓа како близнак.

Поради одложеното раѓање на деcata и употребата на медицински техники како што е IVF, бројот на близнаци се зголеми за една третина од 80-тите години на минатиот век.

Но, тоа може да се промени бидејќи фокусот се префрла на едно бебе по бременост, што е исто така помалку ризично.

 

 

Врвот во бројот на родени близнаци е достигнат поради големиот пораст во сите региони во изминатите 30 години. Зголемување од 32 проценти е забележано во Азија, а во Северна Америка за 71 процент.

Loading...

Истражувачите собрале информации за близнаци од 165 земји меѓу 2010 и 2015 година и ги споредиле со податоците од 1980 до 1985 година.

Бројот на близнаци на илјада раѓања сега е особено голем во Европа и Северна Америка и се зголемил од 9 во 1.000 раѓања на 12 во светот.

 

 

Бројот на близнаци во Африка отсекогаш бил голем и тоа не се променило многу во изминатите 30 години, а причината може да биде растот на популацијата.

Околу 80 проценти од близнаците се родени во Африка и Азија кога станува збор за близнаци родени ширум светот.

Главните причини за зголемувањето на бројот на близнаци во Европа, Северна Америка и Океанија е зголемувањето на употребата на медицински потпомогната репродукција од 1970-тите.

Loading...

 

 

Одлуките на жените да основаат семејства на „постари“ години, зголемената употреба на контрацепција и ниската плодност, исто така, играат улога.

Leave a Reply