Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура изнесуваше два степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.
Утре ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаби услови за врнежи од дожд.
Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.
Слично време ќе има и во недела, но без услови за дожд.
Од понеделник земјава ќе биде зафатена од влажен воздушен бран кој ќе донесе врнежи од дожд.
Никола Ивановски