Рускиот инфлуенсер Кирил Терешин, познат под прекарот Попај поради неговите непропорционално големи бицепси, заврши на итна операција, пренесува Индекс.
View this post on Instagram
Големите надлактици 25-годишникот не го постигнал со вежбање и кревање тегови, туку со употреба на разни супстанци. Пред околу три години, тој започнаl да вбризгува мешавина што самиот ја направил, а главно се базирало на масло од „синтол“, во бицепсот.
Во тој период, тој вбризгал повеќе од три литри течност во неговите раце, а тоа му го уништило ткивото. Поради тоа, тој заврши на операција по втор пат во последните неколку години.
– Операцијата на десната рака била успешна. Му благодариме на хирургот Дмитриј Владимирович Мелников што ја изврши оваа тешка операција и ми го спаси животот. Благодарност и на Албина Абазали, која се погрижи за мојата рака по операцијата – напиша тој на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
– Одев во теретана две години, а потоа морав да се приклучам на армијата. Се плашев дека ќе ми се смеат таму затоа што бев слаб и поради тоа почнав да користам „синтол“. Семејството беше многу загрижено, се обидоа да ме разубедат, но јас продолжив, додаде тој.
Попај го следат повеќе од 200.000 луѓе на Инстаграм, а тој неодамна започна да снима порнографија со својата девојка. Тој исто така одржа една ММА борба со руски блогер, која ја загуби многу брзо затоа што „синтол“ дава само волумен, а не мускулна сила.
View this post on Instagram