Филипини: Полицијата по грешка убила градоначалник

Сподели со своите пријатели

Полицијата ги убила градоначалникот и неговите двајца асистенти на Филипините, во град во централниот дел на земјата.

Loading...

Во судирот загинаа и двајца полицајци, соопштија официјалните лица.

Регионалниот полициски командант рече дека врз основа на оригиналните полициски извештаи, тој може само да претпостави дека станува збор за грешка.

Полициските службеници биле на рутинска патрола кога вчера попладне бил отворени оган од страна на припадници на обезбедувањето на градоначалникот на Катбаоган, Роналд Акин, кој возел со комбе во источната провинција Самар, изјави полицискиот командант.

Полицијата возвратила на пукањето и ги убила Акин и двајцата негови помошници, додека обезбедувањето на градоначалникот убило двајца полицајци кои возеле зад неговото комбе, рече тој.

„Тие отворија оган кон нашите полицајци кои возвратија“, рече командантот, нагласувајќи дека истрагата е сè уште отворена.

Пријател на убиениот градоначалник рече дека тој отишол да го прослави роденденот на своето дете и дека е можно тој да бил цел на нападот, но полицискиот командант вели дека полицијата не го следела градоначалникот и дека биле само во рутинска патрола.

Неколкумина градоначалници и провинциски службеници поврзани со нелегална трговија со дрога биле нападнати и убиени на Филипините неодамна за време на владеењето на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, кој води борба против дрогата, но официјални лица велат дека убиениот градоначалник не бил поврзан со дрога.

Loading...

Синоќешното насилство е последното во кое е вмешана полицијата. Според планот на претседателот, имаат широки овластувања во борбата против дрогата и криминалот, а нивната суровост ги загрижува западните земји и активистите за човекови права.

Leave a Reply