Сликал брод што лебди над морето! Фотографот не верувал во она што го гледа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Снимателот Дејвид Морис забележал голем брод танкер кој буквално лебди над површината на водата, свесен дека е сведок на една од најпознатите специјални оптички илузии во светот.

Loading...

Фотографот и снимател Дејвид Морис останал без зборови, откако сфатил дека во Англија бил сведок на еден од најретките феномени во светот, познат како горен мираж, што го прави човечкото око да гледа како брод лебди над морето.

Станува збор за оптичка илузија, која, како што истакна Дејвис, е честа на Арктикот, но затоа ретко се гледа бидејќи нема луѓе на тој леден столб.

– Причината за илузијата е метеоролошки феномен познат како инверзија на температурата. Вообичаено е температурата на воздухот да опаѓа со зголемувањето на надморската височина. Меѓутоа, во случај на инверзија на температурата, топлиот воздух е над по студениот, играјќи се со нашата визуелна перцепција. Така е направена фотографијата на лебдечки брод, бидејќи студеното море ја спуштило температурата на воздухот директно над него, додека повисоките делови содржеле потопол воздух. Постудениот воздух е погуст од потоплиот, па затоа има поголем индекс на рефракција. Така, светлосните зраци, кои отскокнуваат од бродот, поинаку се прекршуваат, минуваат низ слоеви на ладен и топол воздух и се наведнуваат надолу, патуваат кон набудувачот на брегот, што му се чини дека бродот е во повисока позиција отколку што е – објасни снимателот.

 

 

За овој феномен за Гардијан зборуваше и метеорологот Дејвид Бреин, кој истакна дека горниот мираж може да предизвика различни видови илузии.

Loading...

– Објектот може да изгледа како да е во повисока позиција, како во случајот со овој брод, но поради него, можете да видите и предмети што инаку би биле под линијата на хоризонтот – објасни тој.

Горниот мираж, во кој се чини дека објектот е во повисока позиција, е лесно препознатлив бидејќи под него не може да се видат никакви детали, додека за друг е познат уште еден случај на оваа оптичка илузија, кога ќе се види некој предмет зад линијата на хоризонтот.

Слично на таа оптичка илузија е и долниот мираж, кој се јавува во спротивен случај – кога слојот на ладен воздух е над слојот на топлиот. Тоа е позната илузија на лажни оази во пустината или локва вода на патиштата за време на жешките летни денови.

Leave a Reply