Во Куманово повторно ќе профункционира Клубот на советнички (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Клубот на советнички повторно ќе заживее во Куманово, најави денеска на прес конференција претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска.

Loading...

Во овој клуб ќе членуваат сите совентички во Советот независно од која политичка партија се и дали се од власта или опозицијата.

– Ние во Советот на Општина Куманово имаме 14 советнички, и тие се членки на СДСМ, на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ и БЕСА. Мислам дека независно од нашата политичка припадност сите сме единствени по тоа дека во овој Клуб на совентички ќе бидеме застапнички пред се на женскиот интерес на градот и општината, рече Мургашанска.

Клубот се формира во пресрет на Денот на жената, но идејата, како што рече претседателката на Советот, Клубот ќе иницира Година на жената, а прва активност ќе биде планинарска тура во соработка со градоначалничката на Општина Старо Нагоричане.

– Планинските предели главно се на територијата на нивната општина и советничките од Општина Куманово и од Старо Нагоричане, а под покровителство на градоначалничката Жаклина Јовановска и јас како Совет, планираме да организираме една куса планинарска тура, во чест не на денот, не на месецот, туку годината на жената, а со цел афирмација и популаризација на планинрањето како спорт како здрав начин на живот и промоција на нашите природни убавини во регионот, рече Мургашанска.

 

 

Loading...

Освен оваа акција, советничките и советниците по повод празникот на жената, ќе играат и тенис, а на тој начин ќе го промовираат овој тип на спорт во градот.

Целта на повторното формирање на Клубот на пратеничките не е само организација на ваков тип на активности, туку тоа да биде специфично место за организација на женскиот интерес.

– Преку клубот на советничките повторно ќе ја нагласиме важноста од родовиот аспект, родовата призма во планирањето на сите политики во Советот на општината, специфичните женски интереси кога одлучуваме и расправаме каде ќе ги распределиме општинските пари, што ќе ставиме на приоритетна листа, секогаш да го имаме предивд и женскиот интерес, потреби и проблеми, рече Мургашанска.

Членови на Клубот можат да бидат и советниците, но и сите мажи во градот кои можат да се обратат со било какви предлози и идеи.

Никола Ивановски

Leave a Reply