Рибата содржи многу витамини, минерали и масни киселини и затоа е одлична за нашето тело. Преполна е со калиум, натриум, железо, како и витамини А, Б, Д и Е.
Рибата ни помага во одржување на здравјето го штити срцето и крвните садови бидејќи содржи омега-3 масни киселини, а рибиното масло го зголемува нивото на добриот, а го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицериди.
СОСТОЈКИ:
8 парчиња 100 гр бакалар
2 лажици масло
2 лажици путер
3 лажици оцет
сол
бибер
ПОДГОТОВКА:
Во загреаното масло испржете ја рибата што претходно сте ја забибериле и посолиле од двете страни додека не добие златно-кафеава боја. Наредете ја пржената риба на овална, па прелијте ја со врел путер. Оставете го овалот на топло место, додека го загревате оцетот и повторно истурете преку рибата.