Рејчел (33) од Њу Мексико чекала второ дете со нејзиниот партнер и еден ден случајно започнала да се допишува со Џон (36) од Вестон, Англија.
Без оглед на оддалеченоста, тие станале многу блиски – толку многу што го оставила партнерот и таткото на нејзините деца, ги спакува куферите и по година и пол врска преку Интернет, решила да помине половина свет за да го види , пренесува британскиот портал.
View this post on Instagram
На шоуто TLC, Рејчел зборуваше за Џон.
– Џон е симпатичен, духовит и романтичен. Чекав година и пол за да го видам во живо. Покрај куферот, друштво ми прави и 8-месечното бебе Луси. Јас навистина мислам дека Џон и јас сме предодредени еден на друг и мислам дека тој ќе биде одличен татко. Некои луѓе мислат дека е лудо да се патува толку далеку со бебе за да се сретнете со маж. Луси и јас дојдовме во пакет, треба да видам дали тој може да го прифати тоа .
View this post on Instagram
Џон вели дека е нервозен, но ако тоа не е љубов меѓу нив, тогаш тој не знае што е. Рејчел само привремено доаѓа во Англија, ќе мора да се врати поради нејзината постара ќерка. Двојката се надева дека Џон ќе може да добие партнерска виза за да може да се пресели во Албукерки и да живее со Рејчел и децата, но тоа не е толку едноставен процес, особено што Џон бил казнет во минатото.
– Процесот на добивање виза може да трае до три години, а може да се случи и да биде одбиен … Сепак, се надеваме на најдоброто – вели Рејчел и додава дека времето нема да влијае на нивната врска.
View this post on Instagram