Девојче виси на 12. кат и почнува да паѓа: Доставувачот испадна вистински херој (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Доставувачот (31) од Виетнам седел во неговиот камион и чекал да го достави пакетот, не сфаќајќи дека неколку минути подоцна ќе биде актер на вистинска драма.

Loading...

Имено, чекајќи да ја изврши испораката, во еден момент погледнал во зградата и видел девојче како виси од работ на балконот на 12-ти кат.

Нгујен Нгок Ман реагирал инстинктивно и веднаш излетал од автомобилот, обидувајќи се да најде начин да спаси дете кое може да падне во смрт во секоја секунда, обидувајќи се да ја одржи нејзината рамнотежа.

Тоа не ѝ успева, па во еден момент започна да паѓа кон улицата. За среќа, мажот успеал да ја фати во вистински момент и таа паднала право во неговите прегратки.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, можете да го видите целиот ужас од она што можеше да се случи и може да се слушнат врисоците на луѓето што го гледале и не можеле да му помогнат.

– Слушнав како плаче дете, а потоа некој викаше за помош. Кога ѕирнав низ прозорецот на возилото, имав што да видам: тоа девојче виси над бездна од 50 метри! Скокнав од возилото и почнав да размислувам како да и помогнам. Се искачив на крошна висока два метра и во еден момент почнав да губам рамнотежа. Сепак, успеав да се стабилизирам и во еден момент детето падна право во моите прегратки – изјави за локалните медиуми.

Кога го фатил девојчето, сфатил дека од устата и тече крв и веднаш повикал брза помош, која ја сместила во болницата.

– Не размислував многу за тоа што го направив. Само што ја видов како виси, помислив на ќерка ми и тоа ми даде сила – рече спасителот, кој по херојскиот чин доби еден куп пораки за поддршка.

Loading...

 

Leave a Reply