Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава покани осум лица да му се придружат на патување околу Месечината во ракетата „Спејс Икс“ на Илон Маск.
„Сакам да ми се придружат луѓе од различни групи“, рече тој во видеото што го објави на Твитер, заедно со деталите за апликацијата.
Милјардерот објави дека ќе плати за патувањето, па секој што ќе му се придружи ќе лета бесплатно. Летот е планиран за 2023 година.
Кандидатите кои аплицираат мора да исполнуваат два критериума: тие треба да напредуваат во „секоја активност“ со која се занимаваат „со цел да им помогнат на други луѓе и на општеството како целина на некој начин“, и треба да бидат „подготвени да ги поддржат другите членови на екипажот во нивните аспирации“, рече тој, пренесува Индекс.
Кој е Маезава?
Маезава го направил своето богатство во модната индустрија, а минатата година сними документарен филм во кој бара нова девојка која ќе му се придружи на летот.
Проектот на крајот беше откажан поради „измешани чувства“.
Во 2018 година беше објавено дека Маезава ќе биде првиот приватен патник што ќе лета околу Месечината со „Space X“.
Цената што ја плати не беше објавена во јавноста, но Маск рече дека станува збор за „многу пари“.
Мисијата е планирана за 2023 година и требаше да биде првото патување на Месечината со екипаж од 1972 година.