Шери Хоуви ги воодушеви сите со својот начин на штедење, а на овој начин секој што има доволно голем приход да ги покрие сите трошоци за живот може да заштеди.
Новозеланѓанката Шери Хоуви стана вистински хит на интернет откако сподели едноставен трик со кој заштедила пари за нов стан за период од три години, а својот „рецепт“ го откри во група на Фејсбук, каде воодушеви многумина со својот начин на штедење.
Таа купила нов стан во Окланд уште во 2015 година, откако заштедила за него за само три години.
– Мајка ми ме научи да организирам трошење пари вака и по три години можев да купам стан – напишала Шери.
Па, која е тајната?
Шери тврди дека треба да ги поделите парите што ќе ги заработите на три различни сметки. Првата е сметка за заеднички трошоци како што се комуналии, изнајмување, кирија, неделни џепарлаци итн.
Парите што планирате да ги потрошите за одење на фризер, купување облека и обувки, подароци, одење на лекар на друга сметка треба да ги префрлите, додека парите што сакате да ги заштедите треба да ги оставите на третата сметка.
Таа вели дека е многу важно да се држиме до овие поделби и да не трошиме повеќе од планираното.
– Не паѓајте во искушение да трошите пари на намирници од друга сметка или обратно, важно е да се придржувате на она што сте го одредиле – советува Шери, која објаснува дека на овој начин не треба нужно да заштедите за стан, туку за што одредена личност сака, како патување, нов автомобил…
Значи, важно е „само“ да имате доволно голем приход за да можете да ги поделите парите на три различни сметки.