ОВЕН
Работа: Сега е време да ги заборавите вредностите кои во последно време сте ги форсирале, и да почнете одново.
Љубов: Сега важи предупредувањето да не зборувате на проблематични теми со партнерот, затоа што нема да се разберете на вистинскиот начин.
Здравје: Чувствителни колена и зглобови.
БИК
Работа: Финансиската ситуација е подобра отколку во претходниот период и кога не би имале долгови, би била задоволителна.
Љубов: Слободните припадници на овој знак интензивно размислуваат за минатото, а преку работа може да им се јави некоја некогашна љубов.
Здравје: Намалете го стресот и нервозата.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе вложувате нешто поголеми напори во реализација на своите планови, кои на крајот ќе бидат реализирани.
Љубов: Ако сте слободни, пред вас е ден кој првенствено ќе го посветите на работа, и ќе остане многу малку простор за вашиот емотивен живот.
Здравје: Ви пречат цигарите.
РАК
Работа: Ако имате надредени, бидете внимателни во контактот со нив.
Љубов: Зафатените припадници на овој знак ќе ги разгорат страстите во сегашниот однос, но ова е период и на караници.
Здравје: Не се изложувајте на напори затоа што може да се повредите.
ЛАВ
Работа: Ќе бидете наклонети кон дипломатија и компромис, каде своите потреби ќе ги ставите на второ место, но исто така на соработниците ќе им дадете до знаење дека имате одредени граници кои не треба да ги поминувате.
Љубов: Зафатените припадници на овој знак приметуваат дека нешто се менува во односот со саканата личност.
Здравје: Негувајте ја косата повеќе.
ДЕВИЦА
Работа: Очекувајте прилив на пари од неочекувани извори.
Љубов: Зафатените припадници на овој знак се наклонети кон шармирање на саканата личност, но и флерт со некоја друга личност.
Здравје: Минлива главоболка.
ВАГА
Работа: Имате впечаток дека никако не може да тргнете напред, па послушајте ја интуицијата и занимавајте се само со веќе започнати работи.
Љубов: Ако сте слободни, за вас ќе се интересира една постара, но најверојатно и зафатена личност. Затоа бидете внимателни.
Здравје: Проблеми со стомакот.
СКОРПИЈА
Работа: Доколку постојат некои должници кон вас, тие сега најверојатно ќе ви се јават, но немојте да очекувате дека полниот износ ќе ви биде вратен.
Љубов: Напнатост во љубовта владее, и ќе немате толеранција кон другата страна.
Здравје: Проблеми со грлото.
СТРЕЛЕЦ
Работа: На полето работа може да се случат караници кои не сте ги предизвикале, но некако ќе мора да се браните од провокации.
Љубов: Слободните припадници на овој знак ќе се интересираат за една млада личност, која неодамна прекинала еден долг емотивен однос.
Здравје: Внимавајте со шеќерот.
ЈАРЕЦ
Работа: Неопходно е да го издржите напорот со кој се соочувате, затоа што многу брзо после тоа ќе бидете растоварени и ќе бидете задоволни од постинагите резултати.
Љубов: Едно мало недоразбирање ќе може да се развие во сериозна расправа.
Здравје: Водете сметка на забите.
ВОДОЛИЈА
Работа: Можни се прекин на договорот или потпишување на некои нови договори.
Љубов: И вам и на партнерот му е потребна доза слобода, и доколку успеете да ги надминете пречките, мирно ќе продолжите понатаму.
Здравје: Пад на имунитетот.
РИБИ
Работа: Очекувајте стабилизација на работното поле и енергијата која сте ја потрошиле на сите страни, сега ќе треба да ја собирате.
Љубов: Со саканата личност ќе се „натпреварувате“ кога е во прашање авторитетот.
Здравје: Одлично се чувствувате.