Делови на Куманово денеска без струја

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија во текот на денот привремено ќе бидат жителите на повеќе кумановски улици.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 12:00 часот без електрично напојување ќе бидат улиците „Теофан Економов“, дел од „ББ Гуцман“, и дел од „Драган Стопаревиќ“.

Во период од 08:00 до 14:00 часот прекини се најавени за жителите на улицата „Др. Рибар“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Никола Ивановски

Leave a Reply