Температурите од 14 до 20 степени

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта претежно ведро. Утрово е сончево, во источните и југоисточните делови има мала до умерена облачност или слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со максимална дневна температура од 17 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply