Што позата во која спиете открива за вашето здравје: Еве која поза во сон може да предизвика болка и болест

Сподели со своите пријатели

Обрнете внимание на положбата во која спиете и навремено спречете ја болеста!

Loading...

Недостаток на сон може да предизвика дијабетес, дебелина и срцеви заболувања, а еве што открива позата во која спиете за вашето тело.

 

 

Позицијата во која спиете значително влијае на здравјето на целиот организам, па дури и во некои позиции може да се намали болката и разните болести на органите.

Една од најчестите положби на спиење е положбата на фетусот, а вака жените најчесто спијат. Експертите истакнуваат дека оваа позиција помага да се намали болката во грбот, вратот и да се спречи грушица.

Спиењето на страна со испружена рака е добро за зајакнување на мускулите во грбот, лигаментите, позитивно влијае на ‘рбетниот диск, но исто така предизвикува проблеми и болка во вратот.

Loading...

 

 

Спиењето на грб со раширени раце и нозе (позиција на морска ѕвезда) предизвикува хрчење, но ја намалува болката во вратот и спречува грушица. Оваа поза е добра и за нега на кожата и спречување на мозолчиња, бидејќи лицето не е на перницата.

Спиењето на страна со раката покрај телото и нозете исправени е одлично против хрчењето, а’ рбетот е исправен во оваа положба, но експертите истакнуваат дека луѓето кои спијат вака имаат брчки.

Спиењето на стомак со свиткани нозе на колената лошо влијае на ‘рбетот и предизвикува болка во желудникот и грбот, но добро е за варење. Ако спиете на грб со рацете до телото, тоа е одлично за ‘рбетот, но исто така предизвикува и хрчење и апнеја.

Leave a Reply