Пакети со храна добија неколку социјално загрозени семејства од селата Арбанашко, Рамно, Буковљане, Цветишница и Дејловце, кои ги посетија волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Куманово.
Loading...
Токму овие села, како што информираат од организацијата се најпогодените од студениот бран кој го зафати овој регион изминатиов период.
– При посетата волонтерите доставија хуманитна помош во вид на семејни прехрамбени пакети за 24 социјлано загрозени семејства од овие села. Црвен крст Куманово ќе продолжи со дистрибуција на хуманитарни пакети и во иднина за најранливите категории на граѓани на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, велат од организацијата.
Никола Ивановски