Од утре изутрина дел од Куманово ќе остане без вода, поради замена на дотрајан завточар, информираат денеска од ЈП „Водовод“.
Loading...
– Поради интервенција на водоводна мрежа – замена на дотрајан затворач Ф100 со почеток од 25.02.2021 во 05:00 часот до завршување на работа, ќе има прекин на водоснабдување, велат оттаму.
Станува збор за улиците: „Народна Револуција“, Плоштад „Маршал Тито“, како и улиците „Илинденска“ и „Кирил и Методиј“.
Никола Ивановски