Благ пораст на заболени и хоспитализирани лица се бележи изминатите денови на подрачјето на Општина Куманово, но официјално нема информација дека меѓу новите случаи е регистриран британскиот сој на вирусот.
– Денешниот биланс е 50 хоспитализирани лица во двата ковид центри. За разлика од пред неколку недели кога имавме видно намалување на заболени лица, сега имаме благ пораст на заболени од Ковид 19.- изјави директорката на општата болница Снежана Захариева.
Таа посочува дека не треба да има опуштање меѓу граѓаните и максимално да се почитуваат мерките за заштита, бидејќи бројот на пациенти со посериозна клиниччка слика повторно се зголемува.
Според официјалните податоци нема присуство на бритнаскиот сој, вели директорката, но не ја исклучува таа можност.
– Присуство на британскиот сој на вирусот според нашите сознанија немаме во Куманово, но со оглед на тоа дека Куманово е голем град каде што се крстосуваат многу патишта и гранични премини верувам дека постои можност дека и кај нас е присутен британскиот сој на коронавирусот.- додаде Захариева.
Според последната ковид статистика од вчера во Куманово се регистрирани осум нови случаи на коронавирусот.
М.Ф.