Фран Голдман не успеала да се пријави за првата доза на вакцина за коронавирус, па кога и се укажала можност да ја прими, не се двоумела ниту момент, но и покрај лошите временски услови, тргнала пеш.
Додека снегот го покривал градот и го оневозможувал сообраќајот, оваа 90-годишна Американка ги облекла чизмите, ги зела стаповите за одење и го преминала патот од 10 километри оддалеченост од болницата и назад, пренесува „Сиетл тајмс“.
– Не беше лесно, тоа беше предизвик, но јас одев полека – изјави таа за овој ден и откри дека минатата година бил инсталиран вештачки зглоб на колкот.
Фран Голдман доцнела околу пет минути на закажаниот термин.
– Таа е навистина прекрасна, нејзиниот менталитет е таков што не дозволува никакви потешкотии да ја спречат во планирањето. Таа е физички активна секој ден, поминува неколку километри – изјави нејзината ќерка Рут Голдман.