Што вели науката за тоа колку е совршената „разлика во возраста“ помеѓу маж и жена, со цел врската да биде хармонична и долготрајна?
Иако многумина велат дека возраста во една врска не е одлучувачка, студијата на Универзитетот во Атланта открила дека разликата во возраста е многу важна – барем кога станува збор за времетраењето на врската.
Тие истражувале податоци за дури 3.000 луѓе и откриле дека колку е поголема разликата, толку е поголем ризикот од прекин.
Разликата од пет години ја зголемува веројатноста за раскинување за 18 проценти, 10 години за 39 проценти, а разликата од 20 години го зголемува ризикот од раскинување за 95 проценти.
Која е, тогаш, идеалната разлика?
Всушност, најдобро е кога партнерите се на иста возраст!
Зошто?
Одлучувачки фактор е функционалниот сексуален живот во врската, тврдат експертите.
Кај жените, сексуалната желба се зголемува со возраста, додека кај постарите мажи сексуалната функција се намалува.
Затоа, многу голема разлика во возраста може негативно да влијае на сексуалниот однос.