Даниел Ротариу (35) од Велика Британија ја шокираше и потресе јавноста, откако гостувајќи во една телевизиска емисија раскажа како неговата поранешна девојка му истурила сулфурна киселина на лицето додека спиел.
Двојката живеела во Лестер до 2016 година, кога неговата девојка Кети Лионг (52) од љубомора решила да му налее киселина на Даниел.
Киселината не го разбудила сè до утрото, кога, почувствувајќи го неговото лице како се стега, тој најпрво помисли дека таа го полила со топла вода, за наскоро да го сфати хоророт во кој се нашол.
Киселината оставила сериозни последици на неговото лице, но покрај физичкиот изглед претрпело и неговото ментално здравје, бидејќи сè уште има кошмари за овој ужасен настан.
„Не поминува ден да не ја проколнувам Кети за она што го стори“, ја започна својата исповед Даниел за шоуто „Нотингемшир во живо“.
„Понекогаш имам кошмари, не секој ден, но имам. Мислам дека имам несоница затоа што сум неактивен, не работам, само седам во куќата, и тоа не е добро. Тешко е да се заборави што се случило, ми остави големи последици“, објаснува тој.
Неговата поранешна партнерка Кејти дошла да го покрие откако тој легнал да спие. Тогаш тој се разбудил во раните утрински часови во ужас.
„Тоа траеше можеби 10-20 секунди, најпрво мислев дека сонувам, сè додека не почувствував болка, силна болка. Исто така, ја почувствував во устата, а киселината имаше необичен вкус. Штом го почувствував вкусот во мојата устата, кој беше многу остар, сфатив дека не е топла вода, туку киселина“, објаснува овој млад човек за ужасот низ кој поминал.
Следувал нов шок кога сфатил дека неговиот вид почнал да се замаглува, а потоа исчезнал.
„Кога ја допрев рачката, сфатив дека не можам да видам ништо друго. Порано гледав сенки, не сум сигурен на кое око. Не можев да препознаам луѓе, не можев да препознаам дали е маж или жена“, додава Даниел.
Неговата состојба продолжила да се влошува, тој целосно го изгубил едното око и бил опериран и му бил вграден импалнт.
„Светло на крајот од тунелот“
Даниел цел живот размислувал за основање семејство и бил многу депресивен кога му се случила трагедијата. Тој бил осамен, немал самодоверба. Меѓутоа, откако излегол од болницата, во неговиот стан во Нотингем дошла девојка која се грижела за него и чекор по чекор, Даниел решил да започне нова врска.
Денес тој живее со неа, Ана (33) со која го добил синот Дејвид, како и нејзиното дете од првиот брак Џек. Тие се венчале во 2019 година во Романија, од каде потекнува Даниел.
Во март 2017 година, Кети Лионг била обвинета за обид за убиство и ќе мине најмалку 17 години во затвор.