Еден полицаец бил суспендиран во Перу, откако е фатен како се бакнува со жена што треба да ја казни за кршење на полицискиот час.
Видеото го следи моментот кога полицаецот заборава дека е на работа и ги спојува усните со бринетата откако таа сакаше да го убеди да ја замени казната за бакнеж или можеби нешто и вика, но ѝ успеа во тоа.
Неименуваниот полицаец бил принуден привремено да ја напушти работата среде истрагата спроведена од властите во главниот град на Перу, Лима.
Одлуката да го испрати дома во очекување на изрекувањето на казната ја донесе градоначалникот на областа Мирафлорес во главниот град на Перу, Лима. Иберо Родригез, одговорен за безбедноста на граѓаните во областа.
„Нашиот градоначалник Луис Молина донесе одлука за итна суспензија на овој полицаец. Постојат неколку прекршувања. Младата жена не ги почитува правилата за полициски час и социјално дистанцирање и тој тоа го дозволува. Тогаш тој ја симнува маската за да ја бакне“, велат властите.
Потврдувајќи дека полицаецот никогаш порано немал проблем, тој додаде: „Оваа акција е многу сериозна сама по себе и затоа е суспендиран“.