Советниците кои ја напуштија седницата прават бојкот кон свои сограѓани, рече Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Со тоа што денеска дел од советниците од албанската националност заминаа од седницата, прават бојкот кон своите граѓани од кои добиле поддршка да бидат тука, рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој порача дека би било добро истите да се вратат на седницата.

Loading...

Точката за програмата за вработување, како што вели градоначалникот Димитриевски, беспотребно се политизира.

– Жалам што одредени политички субјекти кои во име на заштитнитици на етничка заедница се повикуваат на кауза идентитетски прашања па ги ставаат и претставниците на останатите партии кои доаѓаат со моноетнички предзнак, во непријатна состојба за да едните не бидат поголеми патриоти од другите и дојде до знак на соллидарност, а оваа точка има за цел да ги унапреди правата на етничките заедници, рече Димитриевски.

Токму тој план за вработување, според градоначалникот, треба да го зголеми процентот на претставници на помали етнички заедници што ќе бидат вработени.

– Мислам дека е добро да се вратат на седницата, затоа што со тоа прават бојкот кон свои сограѓани од кои добиле поддшрка да бидат тука. За реториката на советникот Осама Муадини не сакам многу да дискутирам освен она што го нуди како популизам и што се нуди како заштитник на одредени права. Одамна е унапредено и излеговме од 80те и 90те, денеска сме во 2021 година и овој Совет донесе толку многу акти кои даваат еднкави можности за сите, рече градоначалникот.

Манипулацијата со името на пожарникарот, според градоначалникот, кој патем е брат на осуденото лице за сообраќајнате несреќа во која загина четиригодишниот Алмир Алиу, е недозволива.

– Нема да дозволам фрлање анатема на ниту еден поединец во општеството, а камоли луѓе што работат високоризични работи. Се додека нема судска пресуда за забрана на вршење дејност секој граѓанин има право да учествува на конкурс, дали тој ќе биде избран да работи или не зависи од негов директор, работодавец, во овој случај командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово, а потоа и на комисијата што ја формира општината, ние не разговараме за имиња денеска. Премногу беше политизирано оваа прашње, се направи голема грешка и поединци влегоа во оваа сценарио однапред креирано од страна на еден политички себујект кој не се знаимава со ништо освен обзебздвање гласови, рече Димитреивски.

Случајот со малиот Алмир беше тежок за целиот град, смета градоначалникот, а советникот Муадини го користи на говорница и манипулира.

Loading...

– Ако постои законска пречка јас ќе го почитувам законот, но ниту еден момент нема да дозволам да се ограничи право на поединец да конкурира за работа, како што напомена и претседателката треба да направиме ревизија на сите вработени во јавна и државна админситрација да видиме дали членовите на вработените имаат одредено кривично дело и санкција и замислете по таа логика да ги санкционираме, па ќе останеме без админситрација, јас знам најмалку пет такви, каде има случаи за тешки дела убиство со умисла, а доаѓаат од етничките заедници. Не значи дека ако некој во ваше семејство има сторено дело за кое е санцкиониран одговорноста не треба да ја сносите вие, смета градоначалникот.

Според градоначалникот, кога се работи во делот каде претежно живеат Албанци реагираат Македонците и обратно, но како што вели тоа не е така и сега е започнато од мултиетничка средина.

– Тргнавме од мултиетничка средина село Лопате, од тука ќе се преселиме во Режановце, потоа ќе одиме каде гравитираат поголем број наши сограѓани Срби, Умин Дол, Љубодраг, потоа Романовце, Агино село и еден прстен околу градот и реализација на секој проект секогаш доаѓа забелешка по етничка основа. Кружниот ток е во дел на градот кај и јас живеам со мешовит енитчки состав каде можеби доминира албанското население, но тој кружен ток го користиме сите, како и улично светло, виекнд населбата на Студена вода, секоја недела има граѓани од сите етнички заедници, кејот е на сите, но за жал се уште е жива сегрегациска политика која сака да наметне одредени идеи на електоратот и да мисли во една насока ние сме обесправени и тие имаат поголеми права, во Куманово сите имаат еднакви права, рече градоначалникот.

Не е лесно да се менаџира град со мултиетничка општина, вели Димитриевски.

– Тоа се специфични односи, не трае од вечра, тие односи се развиаат со години, нашата цел е да ги обединуваме како претставници на граѓаните нашите граѓани, на ваков начин ние тоа не го правиме, водиме политика и даваме лош пример како не треба, смета Димитриевски.

Како што додате градоначалникот кои ќе бидат кандидатите ќе се утврди по законска постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply