Советникот Осама Муадини прави дисктриминација, протестира затоа што треба да биде вработен сограѓанин Србин во Територијалната противпожарна единица Куманово, рече денеска претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска откако советникот ги повика членовите Албанци во светот да ја напуштат седницата.
Како што рече Муадини, тоа е затоа што протестираат за вработувањето на братот на лицето осудено за сообраќајната несреќа во која животот го загуби четиригосишниот Алмир Алиу, во Територијалната противпожарна единица Куманово.
Мургашанска ги замоли граѓаните Албанци да не дозволат да бидат изманипулирани од дискусијата за меѓуетнички односи.
– Драги сограѓани Албанци, вашиот советник, т.е. не е ваш, тој е само еден, се обидува да ги заведе другите колеги Албанци дека овдека се борат за некаква етничка кауза, а всушност ги манипулира своите гласачи собира евтини политички поени се поигрува на чувствата на граѓаните, особено на семејството кое загубило своето дете, прави дискриминација, протестира затоа што треба да биде вработен граѓанин Србин. Колку имаат право Албанците за вработување имаат и останатите, никогаш не беше донесен рамковниот за да ја исправи неправдата према Албанците туку и сите граѓани кои не се мнозинство, рече Мургашанска.
Споменатото лице како што беше појаснето било привремено вработено, но по истекување на неговиот договор повеќе не работи во противпожарната единица. Дали повторно ќе биде вработено, не се знае, затоа што ќе има конкурс.
Како што вели претседателката Мургашанска, лицето нема забрана за работа, а тоа што некој член на неговото семејство е осуден не значи дека не смее да работи.
– Не гледам никаков проблем што досега бил вработен вребено граѓанин Србин кој нема судска забрана за работа, бил вработен, дали ќе му биде продолжен договорот не сакам да шпекулирам, советот ниту вработува ниту отпушта. Правите стигматизација дека ниту еден член од семејствата што се правосилно судски осудени да не бидат вработени, не само што правите дискриминација на семејства на одредени осуденици, ако се работи и за осуденик кој одлежал казна и нема забрана за работа во државен орган има право да се јави на секој конкурс вклучително и Општина Куманово и ТППЕ, рече Мургашанска.
Како што додаде таа, разочарана е од потегот и реториката на советникот Осама Муадини, но и од останатите советници Албанци, кои се приклучија на неговиот повик и ја напуштија седницата.
Никола Ивановски