Триесет и девет граѓани на Куманово вчера добиле казна од полицијата поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (18.02/19.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 67 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 39, во Крива Паланка 15 и во Кратово 13.
За истите, како што појаснуваат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски