Во една болница во Брајтон, Велика Британија, вработените во породилиштето добија упатства да користат повеќе неутрални поими, на пример, породилното одделение сега ќе се нарекува одделение за перинатална грижа, а во зависност од околностите, фрази како „родител, друг биолошки родител“ наместо татко и „раѓачки родител“ наместо мајка.
Документот посочува дека вработените не треба да престануваат да користат термини како „жена“ или други зборови поврзани со мајчинството, туку треба да обрнат внимание на додавање зборови како „личност“ и други поинклузивни зборови и заменки.
Обраќање на пациенти според нивниот идентитет
Родовиот идентитет може да биде извор на дискриминација и нееднаквост во здравствената заштита. Ние свесно ги користиме зборовите „жена” и „личност” заедно за да покажеме дека сме посветени на борбата против нееднаквоста за сите оние кои ги користат нашите услуги. Како здравствени работници во породилиште, фокусирани сме да го зголемиме пристапот до нашите услуги и да ги подобриме резултатите за сите маргинализирани групи. Жените честопати се „лишени“ во здравствената заштита, како што се транс-луѓето и оние кои се идентификуваат за бинарни.
Ние сме исто така свесни дека биолошкиот есенцијализам и трансфобијата се присутни во нашиот општо прифатен наратив и јавен дискурс, затоа настојуваме да ги заштитиме нашите транс и небинарни клиенти и работници од дополнителниот товар на промена на терминологијата, сфаќајќи колку ова може да има психолошки и емоционално влијание.
„Признавањето на културниот контекст во кој се одвива нашата услуга е клучно за животот на транс и не бинарни луѓе да биде побезбеден“, се вели во упатството.
Изјавата понатаму беше објаснета на Твитер, каде тие посочуваат дека поимите мајка, мајчинство или татко во никој случај не се забранети, но дека на персоналот ќе им биде укажано „да користат јазик што го одразува идентитетот на пациентот“.