Естер Каликсте-Беа (24) од Монтреал, Канада, се чувствувала несигурна за време на тинејџерските години и страдала од депресија поради растењето на косата на градите.
Сепак, откако ги отфрлила предрасудите и бричењето, таа се чувствува поубаво од кога и да било порано, пишува Дејли меил.
„Јас потекнувам од племето Ве, на Брегот на Слоновата Коска, Африка, а жените во времето на мојата прабаба биле многу влакнести и тоа се сметало за убаво“, објасни Естер.
Открила дека опсесивно се бричела за време на училишните денови и дека обидите за отстранување на влакната страшно ја повредувале.
Како и да е, во 2019 година, Естер одлучила дека веќе и е доста од бричење и објасни:
– Ова е најдоброто нешто што сум го направила досега бидејќи се чувствувам секси и пријатно во мојата кожа.
– Нема медицинско објаснување, јас сум само влакнеста личност. Неодамна дознав дека жените од семејството на татко ми се прилично влакнести и тоа е сосема нормално – рече таа.
– Ми требаше поголем дел од животот да го прифатам своето тело и да се прифатам како што сум. Бев изморена од чувство на несигурност и срамежливост. Бричењето и депилацијата ми предизвикаа огромна болка. Имаше повеќе кавга отколку што вреди.
Затоа, таа решила да престане да се бричи и да се депилира, но рече дека реакцијата на нејзиниот избор е поделена.
Ѝ било тешко затоа што било против „нормата“. На почетокот и било непријатно да излегува во отворена облека, но по неколку недели почнала да се чувствува пријатно.
– Стравот се обиде да ме парализира, но повеќе не мора да се грижам затоа што прифатив кој сум. Кога сум надвор, луѓето многу зјапаат. Некој дури еднаш ме сликаше, што беше чудно – рече таа.
Сепак, Естер на социјалните мрежи пронајде заедница која ја прегрнува и неа и нејзините влакна на телото.
– На социјалните мрежи реакциите на другите беа 90 проценти позитивни. Добив илјадници пораки од жени ширум светот кои сметаа дека се сами. Им покажав да не се срамат од нивните влакна.
Естер сега чувствува дека повеќе не е роб на стандардите за убавина, туку започна да се прашува што е навистина убаво.
– Ако жените не треба да имаат влакна, тие не би растеле. Општеството е она што ни кажува да се бричиме. Ја сменив дефиницијата за убавина за себе и повеќе не дозволувам општеството да ми го диктира тоа. Одлучив што е убаво за мене. Не сакам влакната повеќе да ми бидат пречка. Одбивам да се жртвувам за тоа – заклучи таа.