АРМАГЕДОН ВО ТЕКСАС: Ледениот бран остави милиони без греење и вода, до викенд ќе нема струја! (ВИДЕО, ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Официјални лица на американската држава Тексас предупредија на „катастрофа во рамките на катастрофа“ по невидениот леден бран што остави милиони луѓе без греење и вода, изјавувајќи дека граѓаните треба да бидат подготвени за можноста да нема струја до викенд.

Loading...

На жителите во повеќе од 100 окрузи во Тексас им е кажано да зовриваат вода, бидејќи електраните продолжуваат да се соочуваат со неможноста да ги активираат своите системи, додаваат официјални лица, објави Ројтерс.

 

Околу 12 милиони луѓе во Тексас, втора по бројност американска држава со 29 милиони жители, немаат вода за пиење или повремено добиваат вода, па таа исчезнува.

Околу 2,7 милиони домаќинства немаат електрична енергија, а метеоролошките служби предвидуваат дека ледените температури ќе продолжат до викендот, што ќе го отежни враќањето на електричната енергија, бидејќи Тексас загубил околу 40 проценти од капацитетот за производство на електрична енергија за време на овој бран.

Покрај тоа, изворите и цевководи на природен гас, како и турбини, се замрзнати.

 

Loading...

 

Болниците во Хјустон, главниот град на Тексас, објавија дека немаат вода и се верува дека следеле неколку десетици смртни случаи токму поради ледениот бран.

Локалните власти стравуваат дека бројот на жртвите може да биде значително поголем, но дека телата на потенцијално мртви сè уште не се пронајдени.

 

Leave a Reply