Полициските службеници вчера напишале 51 казна награѓаните на Куманово поради непочитување на задолжителната законска обврска за носење заштитна маска на лицето.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (17.02/18.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 97 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем дел од прекршочните налози биле издадени во Куманово 51, во Крива Паланка 27 и во Кратово 19.
За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски