На големо разочарување наидоа лидерите на ЕУ од производителот на вакцини „Фајзер“ кој повторно доцни со испорака на вакцини.
Иако официјалните претставници на ЕУ се надеваа дека испораките ќе се стабилизираат, добиените колични вакцини ќе бидат за една третина помалку од очекуваното.
Уште полошо, доцнат вакцини и од други производители
Овие доцнења во испораките значително ги забавуваат планираните планови за вакцинација на територијата на ЕУ и го зголемуваат веќе големото незадоволство на земјите-членки, од кои некои се свртуваат кон Русија и Кина поради таа причина.
Повторно одложувања
Официјалните претставници на ЕУ повторно мораа да и кажат на јавноста дека испораката на вакцини повторно ќе се одложи.
– „Фајзер“ сè уште не доставил до Европската унија околу 10 милиони дози вакцина против ковид 19, кои требаше да пристигнат во декември – изјавија официјалните лица на европскиот блок.
Според тоа, количината на оваа вакцина достапна во Унијата е за една третина помалку од она што се очекуваше од американската компанија.
Испораките на вакцината од англо-шведската компанија „Астра Зенека“, како и од американската „Модерна“ доцнат во ЕУ.
– До средината на минатата недела, „Фајзер“ достави 23 милиони дози вакцина против ковид 19 во Унијата, која ја разви заедно со германскиот „Бајонтек“ – изјави претставникот на ЕУ, кој директно учествува во разговорите со американската компанија .
Фајзер одби да ги коментира обвинувањата, истакнувајќи дека информациите за испорака на вакцини се доверливи.
Ветувања во кои веќе никој не верува
Официјални претставници на ЕУ рекоа дека компанијата „Фајзер“ се обврзала да испорачува 3,5 милиони дози секоја недела од почетокот на јануари или 21 милион дози до средината на февруари.
Сепак, бидејќи ваквите ветувања беа дадени претходно, а потоа беа прекршени, тешко е да се каже дали испораката на вакцини од европски и американски производители конечно ќе се стабилизира.
За ЕУ, ова е исто така политичко прашање, бидејќи членките на ЕУ, како што е Унгарија, сè повеќе се свртуваат кон руските и кинеските производители на вакцини.