Околу 2,7 милиони домаќинства останаа без електрична енергија, според Советот за снабдување со електрична енергија во Тексас (ЕРКОТ), кооператива одговорна за 90 проценти од електричната енергија, која е под зголемена критика поради масовните прекини на електричната енергија.
Националната метеоролошка служба соопшти дека врнежите од снег во Северен Тексас најверојатно ќе престанат околу пладне, иако го задржа предупредувањето за зимското невреме до 20 часот и предупреди дека екстремно ниските температури ќе траат со денови.
Покрај тоа, ниските температури со снег и ледениот дожд се движат кон исток, така што до вечерва се очекува голема количина мраз во делови на Тексас, пониски делови во Мисисипи, Вирџинија и Северна Каролина.
Во невремето загинаа најмалку 21 лице во четири држави, а метеоролошката служба предвиде дека температурите во делови на централниот и јужниот дел на САД ќе останат на -20 до -35 степени за неколку дена.