ХРВАТКА СО ЧЕЛИЧНИ НЕРВИ: Крадец и влетал во продавницата со пиштол, нејзиниот одговор не го очекувал! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хрватската полиција потврди дека имало пријава за вооружен грабеж во Буковље кај Славонски Брод вчера во 19,15 часот.

Loading...

Крадец со фантомка преку лицето и пиштол во раката кој се обидел да ограби бил уапсен многу брзо.

Со медиумите контактирал сопругот на работничката која на разбојнчкото „дај ми пари!“. реагирала наведнувајќи се и одговарајќи: „Не давам!“

„Таа не попуштала. Не сакала да попушти. Бев шокиран по се што се случи. Веднаш повикала полиција и чекала да дојдат. Не можев да верувам дека му се предаде така и не му даде пари, за среќа тој само си заминал затоа што можеше да се случи се и сешто. Тој имал фантомка, па таа ги видела само неговите очи. Тој бил во продавницата една минута и кога видел дека нема да ги добие парите, си заминал. Таа беше во шок, кога заминал, тој и рекол дека ќе ја види повторно “, изјави нејзиниот сопруг.

Полицијата соопшти дека ништо не било украдено и никој не бил повреден.

 

Leave a Reply