Тежела скоро 140 килограми кога сфатила дека повеќе не може да живее така и радикално го сменила животот!
Сузана Рајан е мајка од Сан Франциско која го споделува својот пат кон идеална фигура со своите следбеници на Инстаграм, а на сликите ќе видите дека успеала да ја достигне идеалната фигура!
Сузана усвоила принцип познат како кето диета, исхрана богата со маснотии, но со малку јаглени хидрати и вели дека и помогнала да изгуби 55 килограми.
Таа ги инспирираше луѓето кои ѝ пишувале нон стоп за совет, па патот го претворила во книги за исхрана според кето диетата.
Таа вели дека првиот чекор не бил „дупчење на лажицата“, туку промена на начинот на размислување.
„Секој план ќе пропадне ако не верувате во вашата моќ да успеете. Постигнувањето на здравјето е пат кој започнува одвнатре. Цел живот се борев со недостаток на самодоверба и депресија, внатрешниот глас ме измачуваше и преку советување и читајќи добри книги на тие теми успеав да го направам најважниот чекор. Важно е да имате и пријатели и семејство полни со поддршка “, рече таа.
Напредокот, а не совршенството, било мотото по кое се водеше.
„Важно е да се знае дека здравите навики во исхраната се вечен процес кој трае. Никогаш не размислувајте во насока на „сè или ништо“. Дури и ако јадете нешто што е надвор од вашата исхрана, не дозволувајте тоа да ве „спушти“ и да го загрози остатокот од тој ден“, рече таа.
Не претерувајте ниту во диетата или ниту во информирањето, советува Сузана.
„Не плашете се од грешки, не обидувајте се да дознаете сè за диета. Одете полека. Јас дури и не мерев кетони во крвта, само јадев храна што е пожелна во кето диета. Ќе има грешки и нормално е да ги правиш, важно е да учиш од нив“, рече Рајан.