Советниците утре ќе го испрашуваат Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Советниците на Општина Куманово утре ќе му поставуваат прашања на градоначалникот Максим Димитриевски, како и раководителите на општинските сектори и јавни претпријатија.

Loading...

Ова сепак ќе биде последна точка на дневниот ред, кој ќе брои вкупно 24 ставки по кои ќе треба да се расправа.

Седницата започнува утре во 10 часот, со директен пренос на Телевизија „Плус“.

Целосниот дневен ред ви го пренесуваме интегрално во продолжение.

Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2020 година;

Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2021 година;

Извештај за стекнати и распределени средства во 2020 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;

Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2020 година;

Loading...

Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2020 година;

Информација за остварени приходи по основ на даноци и такси за 2019 и 2020 година;

Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година;

Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година;

Предлог – Програма за дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2021 година;

Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23-ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2021 година;

Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2021 година;

Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на ООУ „Христијан Карпош“ Куманово;

Loading...

Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – лап топ компјутери) – сопственост на Општина Куманово на општинските основни и средни училишта;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 312, КО Клечовце – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3542/1, м.в. Мала Бузина, КО Табановце – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 392/8, м.в. Чунковица, КО Биљановце-вон г.р – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 2737/1, м.в. Село, КО Винце – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 94, м.в. ДУП, КО Студена Бара– Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3160/2, м.в. Старо село, КО Градиште – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 792, м.в. Вртача, КО Довезенце – Општина Куманово;

Loading...

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 432/1, м.в. Новине, КО Биљановце-вон г.р – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 4192/4, м.в. Барски камен, КО Романовце вон г.р. – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потребите од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 11840/3 и к.п. 11926, м.в. Ајдучка чешма, КО Куманово – Општина Куманово;

Советнички прашања.

Никола Ивановски

Leave a Reply