Анталија отвори хотел за мачки: Има 64 соби, а сѐ изгледа како мини град за животните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дрвена минијатурна зграда со простории за мачки е поставена во паркот Докум во турскиот град Анталија.

Loading...

Станува збор за дрвена минијатурна трикатна зграда со 64 соби кои се целосно опремени за удобен и безбеден престој на мачките.

 

 

Покрај зградата, поставени се и помали куќи и други објекти за мачки, како еден вид „град на мачки“, пренесува агенцијата Анадолија.

Општина Кепез во Анталија објави дека паркот Докум, по своите музеи, библиотеки, уметнички галерии и научен центар, доби нови содржини кои ќе обезбедат удобен престој на животните.

Канцеларијата за управување со паркот претходно постави 30 куќи во паркот Докум за безбедно сместување на птиците.

Loading...

 

 

Надлежните служби на општина Кепез ќе го претворат центарот за привремено сместување на бездомни животни во болница каде на животните ќе им се даде можност за лекување, рехабилитација и сместување.

Болницата за животни ќе понуди и услуга за брза помош, и ќе биде опремена со простории за операции, лабораториска анализа на крв, интензивна нега, рендгенски прегледи, постоперативно закрепнување и карантин.

 

Leave a Reply