Дванаесет степени под нулата се измерени утринава во Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Оттаму додаваат дека во Македонија, утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура по неколку дена повторно ќе биде во позитива и ќе изнесува еден степен.
Loading...
Висината на снежната покривка во Куманово изнесува пет сантиметри.
Никола Ивановски