Бил Гејтс вложува 2 милијарди долари во борба против климатските промени

Сподели со своите пријатели

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, сака да инвестира вкупно 2 милијарди долари во проекти и старт-ап компании во следните пет години за да се избегнат климатските промени.

Loading...

Потребна е иновација за да се избегне климатска катастрофа, рече Гејтс во изјавата објавена во понеделникот во германскиот деловен дневен весник „Ханделсблат“.

 

 

„Не би било невозможно, но би било многу тешко“, пренесува порталот SEEbiz.

Гејтс исто така ги повика владите да ги зголемат четирикратно инвестициите во истражување на чиста енергија и други климатски иновации низ целиот свет во следната деценија.

 

Loading...

 

Претприемачот и филантроп проценува дека за истражувањето ќе бидат потребни најмалку 110 милијарди долари годишно.

Во својата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа?“, Гејтс повикува на целосно отстранување на емисиите на СО2 до 2050 година, со цел да се избегнат големи еколошки и економски штети.

 

 

Гејтс рече дека за да се постигне тоа, индустријата мора да се промени со невидено темпо.

Loading...

Покрај тоа, тој верува дека даноците на СО2 и трговијата со емисии на стакленички гасови се неопходни, а алтернативните енергии како што се сончевата и ветерот се незаменливи.

Leave a Reply