Светската здравствена организација (СЗО) одобри две верзии на вакцината AstraZeneca / Oxford против ковид 19 за итна употреба.
Вакцините ќе бидат достапни преку програмата Ковакс.
Коментирајќи ја глобалната достапност на вакцините, помошникот на генералниот директор на СЗО за пристап до лекови и здравствени производи, д-р. Маријангела Симао истакна дека сите производители на вакцини мора да го зголемат производниот капацитет и да ги достават своите кандидати за вакцини за одобрување од СЗО што е можно поскоро.
AstraZeneca се препорачува за секој постар од 18 години. Вакцината има лесни барања за складирање, додаде СЗО на конференција по состанокот, истакнувајќи дека вакцината со ефикасност од 63,09% ќе биде „соодветна за земјите со низок и среден приход“.