Претходните истражувања во истата област сугерираат дека пивото се користело за време на жртвуваните обреди.
Археолозите откриле пиварница стара 5.000 години во египетскиот град Абидос што може да произведе илјадници литри пиво, објави египетското Министерство за туризам и антиквитети, пренесува Си-Ен-Ен
Министерството додава дека пиварницата веројатно потекнува од времето на кралот Нармер, последниот крал на пред-династичкиот период (3300-2900 п.н.е.).
Д-р Метју Адамс од универзитетот во Њујорк и еден од водачите на египетско-американската мисија што го открил археолошкиот локалитет, рече дека тој и неговите колеги веруваат дека пивото се користело за време на ритуалите на кралските погреби на најраните египетски кралеви.