Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но студено време.
Утринската температура ќе изнесува 12 степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до -1 степен целзиусов.
Во текот на денот се можни врнежи од снег, но со сосема слаб интензитет.
Утре времето ќе биде претежно сончево, но доста студено. Утринската температура ќе се спушти 14 степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи само на еден степен во позитива.
Благ раст на температурите, барем дневните, ќе има од среда кога времето ќе биде претежно сончево. Температурата ќе се движи од -5 степени во утринските часови до максимални три во текот на денот.
Четврток носи делумно сончево време. Температурата ќе се спушти седум степени во негативан во утринските часови, а седум степени во позитива во текот на денот.
Петок носи периоди на облаци и сонце. Ќе останат сѐ уште ниските утрински температури. Пред стартот на викендот ќе имаме четири степени под нула во утринските часови и осум во текот на денот.
Викендот пред нас ќе имаме претежно сончево време. Во сабота утринската температура ќе изнесува -4 степени целизусови, а дневниот маскимум седум степени.
Недела носи -5 во утринските часови и осум во текот на денот како максимална температура.
Благиот пораст на дневните температури ќе продолжи од почетокот на следната работна недела.
Никола Ивановски