Чајот со само пет состојки ќе ви помогне да се ослободите од токсините од организмот, одличен е како превентива, а помага и при бројни здравствени проблеми – велат дека делува на повеќе од 150 болести!
За да го направите овој чај ви требаат:
Половина лажичка ѓумбир
Половина лажичка цимет
Прстофат куркума
Прстофат кардамон
Лажичка мед
Половина литар вода
Подготовка:
Во зовриената вода додадете ѓумбир и цимет, а потоа куркума, кардамон и промешајте. Оставете ја смесата околу пет до десет минути на тивок оган, а потоа се лади околу десет минути, а потоа процедете ја и засладете ја со мед. Пијте го чајот секое утро.
Доколку списокот на здрави состојки не ве убеди да започнете да го консумирате овој чај, знајте дека пијалакот ќе помогне да се зајакне отпорноста на организмот кон разни болести, а исто така помага при хипертензија со намалување на ризикот од згрутчување на крвта и регулирање на крвниот притисок.
Куркумата, како многу моќен зачин, го намалува воспалението во телото и помага во детоксикација.
Поради моќните антиоксиданти содржани во куркума и нејзините антиинфламаторни својства, овој чај ќе помогне во решавањето на постојаните бактериски и габични инфекции.
Ѓумбирот, друга моќна состојка која има антиинфламаторни својства, аналгетски својства и има антибактериско дејство.
Циметот помага во лекување на вирусни инфекции, настинки, грип, а поради салицилатите што ги содржи овој зачин, тој исто така има добар ефект врз намалувањето на телесната температура.
Кардамонот е корисен за спречување на формирање на тромби, а исто така ефикасно помага при дигестивни проблеми. Го забрзува метаболизмот, помага при грчеви, надуеност, абдоминална болка и гадење.
Исто така, има добар ефект врз циркулацијата и крвните садови, а корисен е и за зајакнување на имунитетот.