Премногу маснотии во стомакот се сметаат за многу опасни за здравјето на срцето, а покрај тоа, тој е најлошиот кошмар за многумина…
Дури и слабите луѓе се изложени на ризик од развој на срцеви заболувања доколку имаат вишок маснотии во пределот на стомакот.
Присуството на овие масти во организмот е поврзано со ослободување на протеини кои предизвикуваат воспаление, а исто така може да ги оштетат артериите и црниот дроб и да го промени начинот на кој телото користи шеќер и маснотии.
ЗОШТО ГО „НАПАЃААТ“ СТОМАКОТ?
- Живеете под стрес
Можеби ви звучи како лага, но стресот предизвикува зголемување на телесната тежина. Сета оваа вознемиреност може да создаде вишок на кортизол, хормон кој го охрабрува телото да „складира“ маснотии.
Обидете се да направите пауза од неколку минути по еден час работа, фокусирајте се на дишење и опуштање на телото.
- Погрешен избор на храна
Намалете го внесот на јаглехидрати за да го намалите внесот на калории и шеќери кои се претвораат во масни наслаги.
Елиминирајте ја брзата и мрсна храна целосно од вашата исхрана и јадете повеќе зеленчук, овошје и храна богата со растителни влакна.
Исхраната со малку влакна е една од причините за зголемување на телесната тежина.
- Алкохол
Сам по себе, алкохолот нема маснотии, но неговата апсорпција го забавува метаболизмот, што го прави голем непријател на луѓето кои се обидуваат да внимаваат на нивната линија.
Бидејќи го забавува распаѓањето на мастите, тие се депонираат во областа на желудникот, барем така научниците го поврзаа процесот.
- Недостаток на активност
Во последниве децении, луѓето стануваат помалку активни, па затоа има зголемување на бројот на дебели луѓе, вклучувајќи ја и областа околу стомакот.
Покрај класичните стомачни мускули кои ќе се грижат за рамниот абдоминален мускул, т.е. оној што учествува во одржување на исправено држење и дишење, за да постигнете резултати, треба да работите на вашите „јадрени“ мускули, односно групата мускули околу областа на трупот и карлицата.
Тие обезбедуваат стабилизација и поддршка на нашето тело, се состојат од група на стомачни и задни мускули и се неопходни за ротација на телото и скоро за сите движења на торзото.
- Менопауза
За време на менопаузата, метаболизмот на жените се забавува и нема помош. Масни наслаги околу половината кај жени кои влегле во менопауза е одговор на организмот на пад на хормонот естроген.
Во менопаузата, складирањето на масни наслаги од колковите се движи во областа на половината.