Девет лица биле затекнати по дозволеното работно време во угостителски објект во Куманово, по што од страна на полицијата и Државниот пазарен инспекторат е затворен.
– На 13.02.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул.”Ѓорче Петров” во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во објектот биле затекнати 9 гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен, информираат од Министерството за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен.
Никола Ивановски