Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ се неиздржани и лажни, велат од Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Неиздржани и лажни се обвинувањата на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ дека не се чистат улиците во градот, велат од Општина Куманово.

Loading...

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

Општина Куманово во рамките на своите надлежности редовно ги извршува своите работи. Во делот на зимско одржување и службите на јавно претпријатие Чистота и зеленило и фирма, која што има добиено уредно на тендер, редовно и ревносно ги извршуваат своите задачи. Обвинувањата на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ се неиздржани и лажни.

Во општината не постојат фирми, блиски или далечни до политичка партија, туку на уредни тендерски постапки, согласно Закон за јавни набавки, работа добиваат правни и физички лица кои имаат најповолна понуда и вооедно имаат, согласно договорот, обврска да ја извршат работата. Не е точен податокот дека општината има платено 10,4 милиони денари за зимско одржување на улиците, бидејќи договорот е склучен врз база на количина, т.е. километри исчистени коловози, согласно планот за зимско одржување на градот, кој е поделен во три зони по приоритети. Конечниот износ за потрошени средства ќе се знае по завршување на зимската сезона и тој податок оди во јавноста и на разгледување пред Советот на општината.

Божиновски и ВМРО ДПМНЕ повторно се служат со евтин политички маркетинг, но општината нема да навлегува во тоа, туку ќе продолжи интензивно да се справува со состојбата.

Денеска се одржа и седница на Општински штаб за заштита и спасување, со кој претседаваше Градоначалникот Максим Димитриевски и се констатира следното:

-сите патишта од прва категорија, улици и булевари на територија на општината во централно градско подрачје, урбаните и урбано-руралните средини се целосно проодни и третирани

-Во моментов се работи на патиштата од втора категорија, кои што исто така се проодни, но дополнително ќе бидат третирани со сол и средство против замрзнување

Loading...

-Дополнително екипите на Чистота и зеленило работат на расчистување на градскиот плоштад и тротоарите во централното градско подрачје, а дежурните екипи продолжуваат да ги расчистуваат снежните наноси и во приградските населби и села во општина Куманово

-Апелираме до граѓаните на внимателен однос при учество во сообраќајот, да не ги паркираат своите возила на јавно-прометни површини, на кои што се чисти снег бидејќи дополнително ја отежнуваат работата на службите

-Воедно апелираме на сопствениците на трговските дуќани да го почитуваат Законот, да ги исчистат снежните наноси пред влез и излез на дуќанот, бидејќи тоа е нивна законска обврска.Дополнително комуналната инспекција ќе изврши увид во состојбите

-Апелираме до граѓаните, кои ги чистат снежните наноси пред дворните места и тротоарите снегот да го складираат на одредени точки, но да не го исфрлаат на улиците, бидејќи создаваат дополнителен проблем во проодноста на улиците и непречено движење на возила. Овие наталожени количини на снег во текот на денот и утре ќе бидат дислоцирани од страна на ЈП Чистота и зеленило по приоритет-централно градско подрачје и улици од прва категорија.

Никола Ивановски

Leave a Reply