ОШЗС: Со 5 машини се чисти централното градско подрачје, две во населбите

Сподели со своите пријатели

Со пет машини се расчистува снегот низ централното градско подрачје, додека две се распоредени во околните населби, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Куманово од каде потенцираат дека се чисти континурано.

Loading...

 

 

– Ангажирани се пет машини за расчистување во централното градско подрачје од страна правниот субјект. За расчистување на приградските населби ангажирани се две машини од истиот правен субјект како и дополнително две машини од ЈП „Водовод“. Сите екипи на ЈП „Чистота и зеленило„ се ангажирани за расчистување на пешачки површини и премини, како и градските плоштади, стои во соопштението од Општина Куманово.

 

 

Loading...

На седницата на ОШЗС е задолжен Секторот за инспекциски надзор со сите комунални инспектори и редари да излезе на терен и да изврши увид дали се расчистени пешачките површини пред дуќаните, што е нивна законска обврска и да им дадат задолжение да го сторат истото на оние кои тоа не го направиле.

 

 

– Се задолжува ЈП „Куманово паркинг“ да ги ангажира своите вработени за расчистување на паркинг местата со кои стопанисуваат, како и пајак службата за испомош и остранување на возила од јавните површини заради непречено расчистување на сообраќајниците. Се задолжува ЈП „Пазаришта“ да ги ангажира своите вработени за расчистување на приодните јавни површини до градските пазари, стои во заклучоците.

 

 

Loading...

Од ОШЗС апелираат, граѓаните кои ги чистат снежните наноси пред дворните места и тротоарите, снегот да го складираат на одредени точки, но да не го исфрлаат на улиците, бидејќи создаваат дополнителен проблем во проодноста на улиците и непречено движење на возила.

На социјалната мрежа Фејсбук утринава фотографии од активностите во расчистувањето сподели и градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply